05 Декември, 2025
0.0788

Триглав пензиско друштво - 5 години афирмација на капитално финансираното пензиско осигурување преку уникатен пристап до секој член и градење на однос базиран на доверба

Објавено во: Финансии 28 Мај, 2024 15:19

Добивај вести на Viber

Триглав пензиско друштво АД ја започнува својата приказна во 2019 година како најмлад член на Групација „Триглав“ и во системот со мисија да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот  пазар.

И покрај многуте предизвици со кои се се соочи Друштвото од самиот почеток, „Триглав пензиско друштво АД“ успеа да прерасне во уште една реномирана финансиска институција под брендот Триглав. Градејќи системски водена структура на делување согласно правната рамка на пазарот на КФПО, но и значајно поткрепени со групациско искуство и инфраструктура, Друштвото нуди решенија кои ќе создаваат значајна и долготрајна вредност за сите членови, за пензискиот систем во целина, како и за акционерите, вработените, соработниците и сите други засегнати страни.

Во овие пет години „Триглав пензиско друштво“ прерасна во најбрзо растечко Друштво на пазарот. Оваа јубилејна година ја одбележува со резултати на кои сме особено горди, истакнаа на вчерашната прес-конференција членовите на Управниот одбор.

Согласно официјално објавените податоци, Друштвото бележи значителен раст на пазарниот удел во сегментот на членство во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување достигнувајќи пазарно учество од околу 10%.  Исто така, во областа на доброволното пензиско осигурување бележи двоцифрен раст на средствата под управување.

„Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме  и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар“, изјави Тихомир Петрески, претседател на УО.  Првиот значаен јубилеј на „Триглав пензиско друштво“ претставува повод за креирање на кампањата „Триглав за тебе“, преку која се става акцент на уникатноста на Друштвото во индивидуалниот пристап до секој поединец во системот, но и фокус кон градење на доверба кај членството преку креирање на додадена вредност за сегашните и идните генерации. Со тоа, јасно и недвосмислено се истакнува пораката дека „Триглав пензиско друштво“ е тука за сите постојни и идни членови, но и за своите вработени, соработници и други чинители во системот, а кои се суштински важни за деловниот модел во целина.

„Пензиската заштеда по пензиските сметки на членовите се формира од уплатените придонеси или преноси по друг основ, како и од остварениот принос од инвестирањето на тие средства што го врши „Триглав пензиско друштво“ преку своите стручни лица и воспоставената инфраструктура.Во моментов се грижиме за заштедите на над 60.000 членови во пензиските фондови со кои управуваме, изјави Маријан Николовски, член на Управниот одбор. 

Друштвото посветено ќе продолжи да работи на исполнување на својата фидуцијарна должност што подразбира спроведување на високи стандарди во работењето, грижа за развој на вработените, потенцирање на високите етички барања и потребниот интегритет за вршење на оваа дејност.

„Триглав пензиско друштво АД“ ќе остане доследно на намерите и настојувањата да биде значаен фактор во развојот на пензискиот систем и континуирано ќе работи на зголемување на пензиската свесност, при што заедно со останатите чинители на системот ќе ја потврди улогата на значаен фактор на одржливост на пензискиот систем и социјалната сигурност во целина.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката