ТРКА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ: СДСМ доби поддршка од две партии, на потег Ахмети
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 09:27
Двете помали албански партии, Движењето Беса и Алијансата за Албанците потврдија вчера дека се подготвени да го поддржат лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира парламентарно мнозинство.
Како што јави Алсат-М ТВ, за таа поддршка Беса и Алијансата за Албанците поставиле прифаќање на заеднички албански платформи и нејзините главни барања за официјализирање на албанскиот како втор официјален јазик во Македонија.
Побарале од Заев и СДСМ што поскоро да започне преговори за формирање на парламентарно мнозинство и за состав на нова влада.
Тие две партии имаат заедно осум пратенички мандати во Собранието на Македонија, така да Заев, кој има 49 мандати, има потреба и од поддршката на ДУИ кои имаат 10 пратенички мандати.
Во ДУИ се продолжени внатрепартиските консултации за да изградат политичка позиција по одлуката на претседателот на државата дека мандат за формирање на нова влада ќе му го даде на тој лидер, партија или коалиција која докаже дека има парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник.
Од партијата на Ахмети не одговаараат дали ќе го поддржат Заев или ќе останат во коалиција со стариот партнер Груевски, но неофицијалните информации како што пишувавме и вчера велат дека членството на ДУИ му дало зелено светло на лидерот Али Ахмети да започне преговори со Зоран Заев за формирање на нова владина коалиција .
Од ДУИ истакнуваат дека и понатаму се во игра сите опции, меѓу кои коалиција со едната или другата партија, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ објави дека набрзо ќе излезе со решение за формирање на нова влада. Заев по состанокот со Иванов, рече дека е убеден оти ќе формира мнозинство од 62 или 67 пратеници, во парламентот кој има 120 места.
Извесно е дека сите карти се на маса и колку побрзо се формира влада, толку подобро за земјава да излезе од политичкиот хаос , каде „не се знае кој пие, а кој плаќа“.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




