15 Декември, 2025
0.0281

Тројца професори од штипскиот универзитет почнаа штрајк со глад!

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2014 17:24

Добивај вести на Viber

Тројцата професори од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет од денеска во 16 и 30 часот официјално го почнаа штрајкот со глад во просториите на факултетот. Професорите бараат од Ректорската управа веднаш да постапи соогласно законските прописи и да го прифати предлогот содржан во рефератите на рецензионите комисии, како и разрешување на деканот на факултетот Ристо Фотов поради нарушување на законитоста. До медиумите, професорите Крсте ШајноскиМаргарита Матлиеска и Александар Костадиновски денеска го пратија следното соопштение: „Ве известуваме дека денеска од 16 и 30 часот и официјално го почнавме најавениот штрајк со глад кој ќе го реализираме во просториите на Економскиот факултет во Штип, а кој ќе траа се до исполнувањето на нашите барања. Нашите барања се : 1.       Бараме Ректорската управа веднаш да  постапат согласно законските прописи и да се прифати предлогот содржан во рефератите на рецензионите комисии. 2.       Бараме разрешување на деканот Ристо Фотов поради незаконско постапување при работењето на факултетот за што  Државниот просветен инспекторат веќе неколку пати  констатира повреди во законитоста при неговото менаџирање на факултетот . Не смееме да дозволиме самоволието на деканот на Економскиот факултет во Штип, Ристо Фотов негативно  да се одрази не само врз нашите кариери, животни судби, туку и врз квалитетот на самата институција Економски факултет, Универзитетoт Гоце Делчев и врз високото образование во Република Македонија. Доколку овој волунтаристички потег на деканот,  со кој се кршат повеќе законски акти и етички норми  помине  не санкциониран, во иднина, ние тројцата професори ги губиме своите работни места, а колегите кои ќе останат и понатаму да работат на факултетот, постојано ќе бидат исправени пред предизвикот дали и покрај покажаниот квалитет за што единствено мерило е оценката на рецензентската комисија, ќе се соочат со обидот да бидат одстранети од своите работни места“ се вели во соопштението на тројцата професори на економскиот факултет при УГД Штип.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“