05 Декември, 2025
0.2878

„ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ СЕ НУЛА ДЕНАРИ“: Димитриеска - Кочоска најавува транспарента постапка за унгарските пари, еве ги условите за кредитот

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2025 14:52

Добивај вести на Viber

Кредитната линија намената за комапниите од договорот за заем од Унгарија наскоро до компаниите. По долги најави и очекувања, Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија наменети за компаниите со што сега Развојната банка може да ги потпише договорите со банките и средствата да станат оперативни. 

Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период од три години. Каматната стапка е 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци. Максималниот износ за кој може да се аплицира е до 10 милиони евра, а во целиот проект вклучени се сите 13 банки. 

Според Владата, ова е најголема сума што му е дадена на располагање на бизнис секторот под супер поволни услови, а крајниот бенефит ќе го имаат компаниите и граѓаните со зголемување на конкурентноста на компаните и отворање на нови работни места. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција рече дека постапката ќе биде транспарентна и критериумите ќе бидат еднакви за сите. 

- Трошоците за одобрување се нула денари. Постапката ќе биде максимално транспаретна и условите ќе бидат еднакви за сите компании. Со денешните одлуки од страна на Владата влегуваме во последната фаза од операционализацијата на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвара патот за Развојна банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки и оттаму до компаниите - рече министерката за финансии. 

Ризикот за одобрување на средствата, како што посочи, е кај банките кои одлучуваат кој и какви проекти ќе кредитираат. 

Приоритет, како што рече Димитриеска-Кочоска, ќе имаат производните компании, но можност да аплицираат ќе имаат сите компании. 

- Секако акцент имаат производните компании, но ако ги погледнете анализите на Народната банка, ќе видите дека генерално пласманите што ги прават банките годишно не се нешто многу поголеми од овој износ и затоа ние на крајот се одлучивме да се отвориме кон сите компании во насока на тоа секој да има пристап. Секако производните капацитети ќе имаат приоритет и по информациите што ги имам со едни од најгоемите банки во државата, тие веќе имаат постоечки и одобрени пласмани за кои само чекаат потпишување на соодветната документација - рече Димитриеска-Кочоска. 

Премиерот Христијан Мицкоски ветува дека нема да има тргување на влијание што се отвори како сомнеж откако се прошири опфатот на компании кои може да аплциираат за добивање на средствата. Интенцијата за проширување на опфатот, како што посочи, била да се искористат средствата, а одлуката е донесена врз основа на анализите и бројките кои покажуваат дека стопанството годишно може да повлече 250 милиони евра. 

- Претпоставувам зборувате за минатото кога на владини седници добиваа концесии за нивни блиски роднини, премиери потпишуваа концесии за добивање енергетски согласности за објекти кои произведуваа електрична енергија од обновливи извори... Претпоставувам зборувате за онаа кампања на сега опозициската СДСМ за хидро Мицко која заврши со судска пресуда во која СДСМ беше обвинета за клевета и пласирање во јавност невистинити информации за што е треба да се извини. Верувајте во оваа Влада додека јас ја водам тргување на влијание нема да има и бидете спокојни - рече Мицкоски.  

Средствата од унгарската кредитна линија се дел од заемот што Владата го зема од Унгарија за што договорот беше потпишан на 8 октомври во Будимпешта. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката