26 Април, 2024
0.0464

Трпеноски за Фактор: Има опции за амнестија, ама по процедура, не со политичка одлука

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите во јавноста по говорот на премиерот Зоран Заев кој од собраниската говорница ги образложи уставните измени, ама и понуди простување за настаните од 27 април, за да се изгласаат измените и како што рече, земјата оди напред. Можна ли е амнестија и како може да се изведе?

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски за Фактор вели дека таква политичка одлука не може да се донесе, но дека секако има можност за некаков вид амнестија во легална процедура. Трпеноски тврди дека ако се прифати опцијата да не се гонат осомничените.

„Собранието не е надлежно да прави аменстија, може да се поднесе Закон за амнестија од, на пример група пратеници, но прашање е дали тој ќе биде поддржан со оглед на тоа што поделенеста во земјава олицетворена во пратениците е голема. Претседателот на државата исто така има можност да предложи аболиција, ама не како првата кога противуставно понуди помилување на лица кои се осомничени само, а не и осудени. Помилување се врши на осудени лица, а од овие постапки кои ги иницираше СЈО засега завршена е само таа за „Тенк“ во која Апелацискиот суд ја потврди пресудата за поранешниот премиер Никола Груевски. Може Министерството за правда да иницира аболиција за осомничени, па така да се спроведе, вели Трпеноски за Фактор.

Тој додава и дека политиката на СДСМ не е да се прави амнестија, како што потенцирале неколкупати.

Образложувајќи го предлогот премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат. 

„НАТО и ЕУ се ретка работа која не обединува.Заради политиката ни е подделено општеството, дури до омраза во семејството кое е основна клетка и затоа е крајно време да им кажеме стоп на поделбите. Заедничка ни е Македонија но и обврската кон граѓаните. Еве прилика да си простиме, да кажеме доста е, да си простиме пред грешките. Ајде да почнеме од тој април 27 кога прва мета бев јас, а потоа сите други пратеници кои беа мета на изманипулирани поединци“, посочи премиерот.

- Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.

Политичарите доаѓаат и заминуваат, но нема друг начин, ако ние овде не се помириме, нема иднина за нашата земја, ако прво ние овде во Парламентот не си простиме, заради интересите на нашите граѓани.

Вашата историска улога ја очекуваат сите граѓани, но и светот кој едногласно ги подаде рацете и ја прифати нашата земја, додаде премиерот“, кажа премиерот.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката