Ципрас ги разлути ЕУ парламентарците: Тоа е национален егоизам
Објавено во: Балкан 10 Февруари, 2015 17:52
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска предизвика незадоволство кај пратениците од Европскиот праламент бидејки беше побарано Германија да и исплати на Грција надомест од втората светска војна како тие би покриле дел од јавниот долг на земјата.
- Ципрас го направи спротивното од она што требаше да биде - изјавил председателот на социјалниот одбор Џани Пилета осудувајќи го како „враќањето на националниот егоизам“.
Претседателот на одборот на зелените Филип Ламбертс оценил дека грчкото побарување нема да допринесе за преговорите на Грција со кредиторите за решавање на јавниот долг од околу 320 милјарди евра.
- Берлин ќе биде клучот во тие преговори и ќе мора да направи отстапки. Грчкото барање нема да помогне во тоа, изјави Ламбертс.
Европската комисија изрази сомневање дека оваа недела ќе биде постигнат договор со Грција околу продолжувањето на програмата за помош на земјата, оценувајќи дека треба да го чекаат 16 февруари за кога е закажан новиот состанок со Еврогрупата.
- Не очекуваме дека конечен договор ќе биде постигнат утре (во среда) на вондредната седница на еврозоната за Грција - изјавија потпаролката на Европската комисија Мина Андерејева и потсетила дека следниот состанок на еврогрупата е закажан за 16-ти февруари.
Грција би требало до тогаш да се договори со кредиторите за продолжување на помошта која истекува на крајот од месецот. Според наводите на Европската комисија, на утрешниот состанок би требало да ги „разменат ставовите со новата грчка влада“. Европската унија сака да ја убеди Грција да продолжи со програмата за помош и да остане во зоната на еврото.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




