Ципрас: Грција му врти грб на штедењето но не и на тешкотиите!
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2015 21:16
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина изјавил дека со договорот со Еврогрупата за продолжување на финансирањето, Грција „им врти грб на строгите мерки за штедење, но не и на реалните тешкотии“.
-Ја добивме битката, но не и војната. Реалните тешкотии се допрва пред нас - рекол Ципрас во телевизиското интервју оценувајќи дека со компромисот со Брисел, земјата им врти грб на „мерките за штедење и тројката“ странски кредитори.
Грција мора до понеделник да го претстави својот план на реформи бидејќи Еврогрупата одлучила за четири месеци да го продолжи планот на финансиска помош на Грција, но под нејзини услови.
Засега не постои гаранција дека Ципрас ќе добие зелено светло од Еврогрупата за дел од реформите кои предвидува да ги спроведе оваа година, меѓу кои се зголемување на минималната заработка и мали пензии, заштита на запленет имот и престанок на проватизацијата.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




