Ципрас: Грција не сака конфликт туку време да здивне!
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2015 18:26
Новиот премиер на Грција Алексис Ципрас денеска се обидел да ги смири тензиите со меѓународните кредитори, велејќи дека неговата левичарска влада не бара конфликт туку само и е потребно „време да здивне“.
„Ниедна страна на бара конфликт, а нашата намера никогаш не била еднострано да дејствувам по прашањето на грчкиот долг. Нашиот заеднички интерес е економска стабилност и обнова на економијата во нашата заедничка куќа, Европа“, рекол Ципрас во соопштение објавено на англиски јазик.
Ципрас инсистира на одлуката на неговата влада да ги заврши болните реформи воведени на Грција во замена за кредитите на ЕЦБ, ЕУ и ММФ, не значи дека нема да се придржува до своите обврски.
„Моја обврска е да го почитувам мандатот на грчкиот народ, со завршување на политиките на штедење и враќање на агендата на раст, ни на кој начин не значи дека нема да ги исполниме нашите обврски кон Европската централна банка или ММФ, кога се работи за кредит“, истакнал Ципрас.
„Напротив тоа значи дека ни е потребно време да здивнеме и да создадеме сопствена програма на опоравување“, додал тој.
Ципрас рекол и дека советувањето со европските партнери само што започнало и дека, покрај фактот дека постојат разлики во перспективата, апсолутно е уверен дека наскоро ќе биде постигнат договор кој ќе им донесе бенефиции и на Грција и на Европа во целина.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




