02 Мај, 2024
0.0256

Ципрас ќе ги лечи раните предизивикани од мерките за штедење

Објавено во: Балкан 09 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од левичарската партија СИРИЗА доцна синоќа пред грчкиот парламент во Атина го претстави својот преоден пристап кон разбирање со меѓународните донатори. "Привремената програма" треба да се брани јавните финансии до јуни, а до тогаш Ципрас има намера да води преговори со ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд по постигнувањето на долгорочен договор. Ципрас изјави пред пратениците дека верува дека евентуалниот договор за преодниот договор може да биде постигнат во рамките на 15 дена. Во прилог Ципрас истакна дека има намера да ги почитува своите предизборни ветувања кон грчките гласачи. Владата ќе ги почитува правилата на ЕУ, но нема да ја потопи земјата во рецесија, изјави Ципрас. Меѓу грчките позиции во рамките на преговорите е и целта да се постигне балансиран буџет. Итен приоритет за владата ќе е и "заздравувањето на раните", кои биле предизвикани на Грците од помошните пакети и сродните програми за строги буџетски заштеди. Илјадници домаќинства кои станаа жртви на оваа штедење, ќе добијат бесплатни намирници и енергија. "Враќањето на народниот суверенитет, на економската самостојност и на улогата на земјата како полноправна членка на Европската унија, како и надминување на хуманитарната криза во земјата - тоа се главните задачи на владата на националното спасение", изјави Ципрас. Главната борба во земјата ќе биде насочена против корупцијата и затајувањето на даноци, рече уште премиерот. За таа цел ќе биде разгледана и листата на најголемите странски средства. Во прилог ќе бидат намалени и владините трошоци. Привилегиите (бонуси) за министрите и пратениците ќе бидат отстранети, ќе биде наметната забрана за користење на министерските автомобили, а авионот на премиерот ќе биде продаден. Ципрас исто така, најави дека сите доделени јавни набавки ќе бидат испитани. "Јавниот сектор веќе не треба да им служи на интересите на олигарсите", рече тој. Ципрас така вети дека по законски пат ќе ја закрепне јавната телевизија ЕРТ, која беше затворена од претходната влада во јуни 2013 година, за да се заштедат пари. Тој го нарече затворањето на телевизијата злосторство против Грците и демократијата. Пред Ципрас да ги претстави главните моменти од својата програма, владин претставник веќе обезбеди можност за преглед на планот. Со изборите пред две недели народот ја овласти Владата да ја поттикне економијата и да ја обезбеди наплатата на повеќе приходи преку борбата против митото и затајувањето на даноците, пишува во документот. Помошта од Тројката од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и ЕУ истекува на крајот на февруари, потсетуваат агенциите. Се очекува грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во среда да ги претстави презентираните планови во рамките на состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната, како и планови за реструктуирање на долгот. За време на самитот на ЕУ еден ден подоцна во Брисел самиот Ципрас има намера уште еднаш да ги главните точки од програмата на неговата Влада. За време на посетите во Рим, Париз, Брисел, Франкфурт и Берлин предлозите на Ципрас и Варуфакис во изминатата недела сепак наидо на отфрлање. Исто и претседателот на еврогрупата Диселблум во петокот изјави дека не може да има мост кредит за земјата. Спроведувањето на голем број реформи е услов за исплата на нови финансиски бенефиции, без кои Грција е под закана од банкрот. K.K

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“