16 Декември, 2025
0.2645

Ципрас ќе свика референдум, ако барањата на кредиторите се неприфатливи

Објавено во: Балкан 28 Април, 2015 20:21

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјавил дека е уверен дека ќе биде постиганат договор со меѓународните кредитори во рамките на следните две недели откако тој го реорганизира својот преговарачки тим и ја дезинфенкцира позадина на својот министер за финансии Јанис Варуфакис кој ги налутил партнерите на Грција од еврозоната.

Ципрас исто така истакнал дека ќе мора да прибегне кон референдум, ако барањата на кредиторите се неприфатливи за неговата влада, која дојде на власт со ветување дека ќе ја напушти политиката на штедење.

Неколку недели ја делат Атина од испаѓање на „еврозоната“, ако не им успеат разговорите со ЕУ и ММФ за повеќе помош се во ќорсокак поради нивните барања до Грција да преземе мерки за реформи, вклучувајќи ги и намалувањата на пензиите и либерализација на пазарот на трудот.

Во своето прво големо телевизиско интервју откако беше избран во јануари, Ципрас истакнал дека очекува постигнување на договор со кредиторите до 9 мај, три дена пред исплатата на долгот кон ММФ во износ од околу 750 милиони евра. Тој ја исклучи можноста да влезат во неликвидност, но истакна дека приоритет е да се исплатат платите и пензиите.

Околу половина од инвеститорите очекуваат Грција да ја напушти еврозоната во рамките на следните 12 месеци, покажува истражувањето на германската истражувачка група „Sentix“, нагласувајќи го скептицизмот на пазарите за ветувањата на политичарите.

Европската комисија најави дека преговорите за договорот постигнале напредок, но не дале повеќе детали за содржината на разговорите.

Притиснат од можноста да не се постигне договор, Ципрас ги исклучи предвремените избори. Но тој изјавил дека Владата нема право да прифаќа барања „надвор од нашиот мандат“ и договор кој бара такви услови, ќе треба да биде ставен на референдум за да пресудат грчките граѓани.

„Но, јас сум сигурен дека нема да дојде до таму. И покрај тешкотиите, можностите да заработите во преговорите се големи. Ние не треба да подлегнуваме на паника и лоши потези. Кој се плаши во оваа игра, тој и губи“, посочил грчкиот премиер.

Ципрас изјавил дека Грција е во финалната фаза на преговорите и покрај тешкотиите за клучните прашања како реформите во сферата на пазарот на трудот, намалувањето на пензиите и предложените зголемувања на ДДВ за туристичките острови.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата