Ципрас: Нема да попуштиме пред уцените на еврозоната!
Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2015 21:17
Ципрас во обраќањeто на пратениците на грчкиот парламент рекол дека владата работи на постигнување на договор, но додал дека нема да се согласи на компромиси, пренесува Ројтерс.
Владеачката грчка партија Сириза планира да го одржи ветувањето дадено на гласачите дека ќе ги укине строгите мерки на штедење, воведени во замена за пакетот помош од ЕУ и ММФ.
„Стана нормално да новоизбраните влади постапуваат поинаку од своите предизборни ветувања. Јас повторувам дека, за промена, ние планираме навистина да ги оствариме нашите ветувања“, истакнал Ципрас.
Синоќешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во Брисел е завршен без договор, бидејќи Грција го отфрлила предлогот да го продолжи својот актуелен програм на помош за додатните шест месеци. Ципрас во својот говор во парламентот посебно строго ги коментирал изјавите на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле , кој не попушта во своето противење на грчкиот план да ги укине мерките на штедење. Премиерот на Грција рекол дека Шојбле на синоќешниот состанок „изгубил контрола“ велејќи дека ја жали Грција, и додал дека германскиот министер не треба да ги жали луѓето кои ја држат главата крената високо. Ципрас меѓутоа, ја критикувал карикатурата во еден грчки весик наклонет кон владеачката Сириза, на која Шојбле е прикажан како нацист и додал дека тој цртеж не би требало да го претставува ставот на неговата влада. Премиерот најавил дека грчкиот парламент, во согласност со предизборните ветувања на Сириза, во петок ќе гласа за предлозите на законите во врска со мерките на штедење, од кои некои се во спротивност со одредбите на пакетот помош на меѓународните кредитори. „За нас е моралеn и хуманитарен приоритет да го отплатме долгот на луѓето кои застануваат под тежината на кризата, тоа е нашиот примарен долг", изјавиl Ципрас.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




