16 Декември, 2025
0.0566

Ципрас: Русија може да ни даде до 3 милијарди евра аванс за „Турски поток“

Објавено во: Балкан, Економија 28 Април, 2015 19:01

Добивај вести на Viber

Грција може да добие до 3 милијарди  евра во форма на аванс при склучување на договор за изградба низ нејзина територија на транзитен гасовод, продолжение на тнр. "Турски поток". Ова го соопшти премиерот Алексис Ципрас во понеделникот вечерта во интервју за грчкиот телевизиски канал Star TV.

Според неговите зборови, цитирани од агенцијата "Блумберг", како дел од проектот во Грција ќе биде формиран европски енергетски центар и ќе поевтинат енергетските цени за земјата. Изградбата ќе биде во согласност со сите барања на европското законодавство, истакна тој.

Шпекулациите дека овој модел и таква сума ќе бидат договорени со Русите, имаше уште пред посетата на Ципрас во Русија на почетокот на месецот. Тогаш претседателот Владимир Путин изјави дека Атина не сакала финансиска помош, но дека може да се разговара за проекти, од кои е заинтересирана Русија и профитот да им помогне на властите да го олеснат должничкиот товар.

Во петокот министерот за надворешни работи, Никос Коцијас изјави за "Ројтерс" дека неговата земја продолжува да се надева дека ќе ги наполни буџетските приходи од изградбата на гасоводи. Тој тврди дека по руски пресметки инвестицијата во грчкиот дел од гасоводот, кој треба да помине и низ Македонија, Србија и Унгарија, ќе биде во рамките на 2-2,5 милијарди долари. Најверојатно западни компании и банки, а не руската влада, ќе го финансираат овој проект, прогнозира Коцијас .

Што се однесува до средствата кои би можеле да бидат преведени во однапред профит од работењето на гасоводот, министерот рече дека Русите му рекле дека тие се приближно колку што е требало да добие Бугарија од "Јужен поток".

"Не сум сигурен колку, но стануваше збор за околу 5 милијарди долари."

Во наредните десетина дена во Атина очекуваат да пристигне американскиот специјален пратеник Амос Хохстин, за да претстави алтернативен проект за мрежа на природен гас, која достигнува и до Албанија и Босна.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата