Црна Гора до крајот на годината би можела да стане членка на НАТО
Објавено во: Балкан 30 Април, 2015 18:34
Одлуката за поканата на Црна Гора за членство во НАТО ќе биде донесена од 28-те земји членки на Алијансата до крајот на годината и никој друг нема право да се меша во овој процес. Ова го изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
За време на заедничката прес-конференција со хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ во Брисел Столтенберг изјавил дека како што е веќе јасно на самитот на НАТО во Велс, преговорите со Црна Гора се засилуваат.
„Ставот на Алијансата останува ист. Како што решивме минатата есен, сега ги забрзуваме преговорите со Црна Гора. Премиерот Мило Ѓукановиќ неодамна го посети седиштето на НАТО. Постои напредок на земјата во областа на владеењето на правото, безбедноста и одбраната. Ќе направиме проценка и ќе донесеме одлука за покана до крајот на годината“, изјавил Столтенберг.
Генералниот секретар додал исто така, дека одлуката за тоа ќе биде донесена само од 28-те земји членки на Алијансата и никој друг нема право да се меша или да стави вето на таа одлуката.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




