17 Декември, 2025
0.0441

Црна Гора го почнува најскапиот инфраструктурен проект

Објавено во: Балкан 09 Декември, 2014 10:59

Добивај вести на Viber

Црногорското Собрание даде зелено светло за почеток на најскапиот инфраструктурен проект во оваа земја - изградбата на автопатот Бар-Бољари треба да започне напролет. Црна Гора до сега е единствената земја на Балканот која нема ниту километар автопат. Тоа треба да се промени за четири години, до кога црногорската Влада и кинеската Ексим банка очекуваат да биде завршена првата делница од овој автопат. Ексим банката за овој автопат одобри кредит од 687 милиони евра, додека преостанатите 120 милиони евра треба да ги обезбеди Владата во Подгорица. Отплатата на средствата од кредитот, која ќе трае цели 20 години, ќе ја чини Црна Гора преку една милијарда евра. Според договорот, домашните изведувачи ќе извршуваат една третина од предвидените работи, додека најголемиот дел или околу 70% ќе ги изведува компанијата „Чајна Роуд енд Бриџ Корпорејшан“ од Кина. За тоа време, Кинезите кои ќе работат во Кина се ослободени од ДДВ, придонеси за вработените и царински давачки. Владата се уште нема пресметки колку дополнително ќе загуби буџетот од овие бенефиции. Еден киометар од овој автопат ќе ја чини Црна Гора цели 20 милиони евра, што е три пати повеќе од цената за километар автопат што ја плаќа на пример Србија за автопатот од Белград до црногорската граница. Километар автопат во Хрватска, пак, просечно изнесува 4,1 милиони евра, додека најскапиот километар хрватската Влада го платила 17 милиони евра. Црногорските власти ваквата разлика во цената ја правдаат со тешкиот терен на кој ќе се гради автопатот, бидејќи повеќе од половина од првата делница ќе ја сочинуваат тунели и мостови. Според проценките, инвестицијата се очекува да се врати за околу 17 години од почетокот на изградбата, односно 13 години од почетокот на користењето на автопатот. Автопатот ќе го градат околу 4.000 работници, од кои најголемиот дел ќе бидат донесени од Кина.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата