Добивај вести на Viber
Црна Гора лани потрошила 465 милиони евра за увоз на земјоделски производи.
Вкупниот увоз на земјоделски производи е смален за 18.8 милиони евра или 3.9% во однос на 2014 година. Учеството на овие производи во вкупниот увоз изнесува 25.2%, а во извозот 18.7%.
Вкупно увезените земјоделски производи во 2015 година, кои не се наменети за исхрана на луѓето чинат 61.8 милиони евра и тука спаѓаат добиточна храна, тутун и друго.
Лани 203.9 милиони евра државата потрошила за увоз на земјоделски производи кои не се произведуваат во Црна Гора или се садат во ограничени количини заради географските предиспозиции. Тука спаѓаат шеќер, кафе, банани, житарици, производи на база на какао и друго.