Добивај вести на Viber
Црногорци грабнале шведски туристи и од нив барале откуп од 250.000 евра.
Полицијата поднесе кривична пријава против 35 годишниот Марио Милошевиќ и две непознати лица од Подгорица, под сомнение дека грабнале двајца шведски туристи и за нив барале откуп од 250.000 евра.
Групата ги грабнала Швеѓаните пред 5 дена, ги сместиле во стан каде ги малтретирале физички и им барале пари. Полицијата пред два дена добила податоци дека Црногорците ги држат во станот Швеѓаните и дека ќе ги пуштат да одат до банка и да земат пари. Полицијата ги чекала во банка шведските државјани и им пружила заштита, по што тие поднеле кривична пријава.