Добивај вести на Viber
Долговите на граѓаните на Црна Гора од пречекорувања на тековна сметка и кредитни картички, на крајот на јануари изнесувале 38.2 милиони евра, според податоците на Централната банка.
Овие долгови кои произлегуваат од кредитни картички и дозволените пречекорувања од тековни сметки, се помалку за 4,1 % во споредба со една година претходно, кога долгот изнесуваше 41,9 милиони евра.
Банките ги заострија условите за одобрување на дозволено пречекорување и се настојува да се согледа целокупната задолженоста на клиентите во Кредитниот регистар.
Ако некогаш можеше да се влезе во минус со три плати, сега се дозволува минус за една или две плати, а ретко кој може да земе минус од три плати.
И за кредитните картички има лимит. Се бара жирант или депозит ако некој не е клиент на банката. Зголемен е и трошокот кога се вадат пари на друг банкомат, а не на оној банкомат од банката која ја издала картичката.