19 Декември, 2025
0.1005

ТТК Банка со намалени каматни стапки и нови поволности за кредитирање

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2014 14:04

Добивај вести на Viber

Следејќи ги потребите и желбите на корисниците, ТТК Банка ги намали каматните стапки на кредитите за физички лица и понуди исклучително атрактивни услови за поволно кредитирање. kapistecКорисниците, приматели на плата или пензија во ТТК Банка имаат можност да аплицираат за ненаменски потрошувачки хипотекарен кредит со најниска фиксна каматна стапка од 5,9% во првата година, односно 7% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, без надоместок за одобрување до 31.01.2015, со долг рок на отплата до 15 години и грејс период до 6 месеци. Со овој производ Банката нуди исклучително поволни услови за кредитирање, како и можност за рефинансирање на постојните обврски по кредити, а кои се однесуваат пред се на можноста за отплата на кредитот по пониска каматна стапка и на подолг рок Со оваа поволност, корисниците на овој кредит во ТТК Банка ќе плаќаат пониска месечна рата, а ќе им останат повеќе средства на располагање во месецот и можност да ги реализираат полесно своите планови. Сите вработени во државните институции и акционерски друштва кои примаат плата преку ТТК Банка, како и пензионерите кои примаат пензија преку оваа банка, имаат можност да аплицираат за ПРЕМИУМ СМАРТ ненаменскиот потрошувачки денарски кредит со фиксна каматна стапка од само 6,1% во првата година, односно 8,3% прилагодлива годишна каматна стапка за останатиот период, за износи до 600.000 денари без жиранти, во зависност од месечните примања и без надоместок за одобрување до 31.01.2015   година. Уште една поволност на ТТК Банка е наменета за корисниците на ненаменските потрошувачки кредити, хипотекарните и станбените кредити. Во промотивен период до 31.01.2015 година, банката овие кредити ги нуди БЕЗ ПРОВИЗИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ. Со секој новоодобрен кредит, ТТК Банка нуди можност за аплицирање за VISA Classiс кредитна картичка без членарина за првата година.

Можеби ќе ве интересира

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација