Тунтев: Мицкоски е анти-западен лидер, утре ќе биде гласањето
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2018 12:30
Мицкоски е анти-западен лидер. Пратениците да не ја слушаат партиската врхушка и да гласаат независно. Утре ќе биде гласањето на собраниската седница за уставни измени и ние очекуваме двотретинско-мнозинство за отворање на амандманите. Оставката на Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, нема да го сопре процесот. Тоа ни е загарантирано од грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ова се констататциите кои ги изнесе Томислав Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ на заедничка прес-конференција со преостанатите пратеници.
- Над 70 отсто од нашите граѓани сакаат во ЕУ и НАТО. Се надеваме дека утре ќе го имаме двотретинското мнозинство, не постои ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој не го посакува тоа. Има уште 15-тина дискутанти и ќе се гласа на крајот од седницата. Ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат присутни и да се премине на гласање. - рече Тунтев.
Тој додаде дека доколку има парламентарни избори, тие ќе бидат без „пржинска влада“ затоа што се вонредни и нивната суштина ќе биде дали Коалицијата „За европска Македонија“ ќе има 80 пратеници по истите.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




