Тупанчевски: И јас би постапил како Талат Џафери
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 09:31
Министерот за правда Никола Тупанчевски тврди дека со рефрендум не може да се поништуваат меѓународно ратификувани договори, откако спикерот Талат Џафери ја отфрли испратената иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
,,Членот 118 од Уставот е прецизен и во него е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон”,рече министерот за правда Никола Тупанчески во интервју за А1он осврнувајќи се на прашањето за поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.
Меѓународното право мора да се почитува, во спротивно според Тупанчески ,тоа би довело до отворање на Пандорината кутија.,
,Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон?Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори.Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори.Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави”,рече Тупанчески..
Министерот посочи дека рестриктивното толкување на Уставот е подобро, односно постапувањето на Џафери.
„Се согласувам дека во ингеренциите на претседателот на Собранието влегува оценката на уредноста. Дали претседателот треба мериторно да ја оценува самата иницијатива ,има две стојалишта.Да сум на местото на Џафери,би постапил исто затоа што и да беше оставена таа иницијатива, дефинитивно ќе имаше луѓе кои ќе ја оспореа”,потенцира министерот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




