15 Декември, 2025
0.0333

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

Објавено во: Македонија, Балкан 20 Март, 2023 15:55

Добивај вести на Viber

Kaко што објави Бугарското национално радио (БНР), бугарски туристи откажале патување во Македонија, бидејќи се плашеле од каменување на автобусите. 

Пренесуваат изјави од пријавените туристи кои со агенцијата „Осогово“ од Ќустендил требало да патуваат во Македонија, но го откажале патувањето.

Информацијата ја потврдил и директорот на агенцијата, Христо Абаџиев кој кажал дека на дел од пријавените им се вратени парите, а останатите ги однеле во Кремиковскиот манастир и во обиколка на знаменитостите околу Софија.

Во прилогот на БНР се наведува дека екскурзијата на туристичката агенција е откажана пред неколку дена по коментарите дека во Македонија имало случаи на каменување на автобуси со бугарски туристи. Според нивните информации, лесно било да се патува до Крива Паланка, но понатаму биле можни вакви инциденти.

Официјално нема информации за таков однос кон бугарските туристи, коментарите се меѓу бугарските тур-оператори. Жителите на Ќустендил кои имаат пријатели и роднини во Северна Македонија велат дека односот кон Бугарите со двојно државјанство, благо речено, не е добар“, објави БНР.

Од македонското МВР, пак, неофицијално велат дека такви случаи на каменување на автобуси со бугарски туристи во земјава не се пријавени. Односите меѓу двете земји не се на завидно ниво, а на 4 февруари, на денот на раѓањето на херојот Гоце Делчев, бугарски државјани направија инцидент на граничниот премин Деве Баир. Тие навредуваа полицајци, по што полицијата ги уапси и казни. 

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти