Добивај вести на Viber
Туристите најскапо поминуваат во Хрватска, покажува истражувањето на германскиот автоклуб „Адац“, а кое било спроведено во 50 европски туристички места во десет земји, Бугарија, Турција, Грција, Шпанија, Хрватска, Германија, Холандија, Франција, Италија и Данска.
Споредбата била направена на цени на трошоците на едно семејство со две деца на годишен одмор, не сметајќи ги трошоците за сместување.
Цените се поделени во четири категории, храна и пијалоци (тестенини, сок), шопинг (очила за сонце, апостолки...), информации и слободно време (лежалки на плажа, весници, батерии..), здравје и лична хигиена (млеко за сончање, паста за заби...).
Потрошувачката кошничка, која се состои од 34 производи и во просек изнесува 174,74 евра, во Хрватска изнесува 164, во Шпанија 159, во Грција 150, Турција 147, а во Бугарија само 122 евра.