16 Декември, 2025
0.2169

Tурското кафе ставено под заштита на УНЕСКО

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2013 10:34

Добивај вести на Viber

Турското кафе беше вклучено во листата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на светот. Ова беше одлучено на седницата на Комитетот на УНЕСКО, што се одржа во главниот град на Азербејџан - Баку , соопштија светските агенции. На седницата учествуваа околу 800 претставници од 116 држави . За време на состаноците биле разгледани вкупно 38 предлози . Предлогот за вклучување на турското кафе во листата на светското нематеријално културно наследство било прифатено со значително мнозинство. Вклучувањето во листата и под заштита на УНЕСКО се смета за големо признание за кафето , кое зазема важно место во битието на турското општество не само како традиционален пијалок , но и како средство за комуникација , неизбежен дел од голем број на традиционални ритуали , гостување , дијалог , споделување и др. "Срцето сака разонода, кафето е само изговор " , гласи многу популарна турска поговорка. Турција се подготвува да ја предложи за вклучување во нематеријалното културно светско наследство и уметноста ебру - сликарство на водна површина , чии традиции се од ерата на Отоманската империја .

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата