21 Декември, 2024
0.0456

ТУТУНСКИ КОМБИНАТ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, заемот ќе го користи за набавка на опрема и фотоволтаици

Објавено во: Економија 06 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Тутунски комбинат АД Прилеп ќе се задолжува со долгорочен кредит во висина од 123.000.000 денари (два милиони евра) кај Комерцијална банка. Рокот за отплата на кредитот е две години, или поточно до 17.07.2024 година, а при задолжувањето ќе биде издадена меница, објави компанијата.

-  Се дава согласност Друштвото да издаде 1 (една) бланко сопствена акцептирана меница со менична изјава- согласност Банката да ја пополни и употреби за наплата на своите побарувања без протест, утврдена со Нотарски акт и клаузула за извршност- трасирана и акцептирана од Друштвото Тутунски Комбинат АД Прилеп – наведуваат од комбинатот во одлуката.

Со ваквата одлука всушност се дава согласност Друштвото да склучи Договор за отстапување на идно побарување по основ на дивиденда со својство на извршна исправа помеѓу Банката, Тутунски Комбинат АД Прилеп и Филип Морис ТКП ДОО Скопје врз основа на кој дел од дивидендата која Друштвото ја остварува како добивка од работењето на Друштвото за производство и трговија со тутунски производи ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ДОО Скопје да се користи за отплата на обврските кои произлегуваат од Договорот за кредит.

-  Се овластува Генералниот извршен директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп во име и за сметка на Друштвото да го склучи и потпише Договорот за отстапување на идно побарување по основ на дивиденда со својство на извршна исправа помеѓу Банката, Тутунски Комбинат АД Прилеп и Филип Морис ТКП ДОО Скопје и да потпише посебна Изјава за согласност дел од дивидендата да се користи за отплата на обврските од кредитот – се наведува во одлуката

Притоа е дефинирано дека откако ќе биде создадена правна можност Тутунски комбинат ќе го заложи подвижниот имот кај банката, за кој се подигнува кредитот.

„Се дава согласност по стекнување на правна можност за засновање на заложно право врз опрема Друштвото да склучи Договор за залог на подвижен имот  и да воспостави заложно право во корист на  Комерцијална Банка АД Скопје веднаш откако ќе се стекне со документација за сопственост за опремата која ќе се набави и купи  со средства од цитираниот  кредит со податоци и индикации за опремата или дефинирани:

-Топлинско/ладилна постројка со ладилна постројка со нов топлински и ладилен извор со модернизирање на дистрибуција и кондиционирање на воздух во клима коморите за производствените погони во Фабрика Цигарна во склоп на Тутунски Комбинат АД Прилеп во количини, називи, модели и фабрички броеви како во документацијата за набавка.

- Фотоволтаици кои ќе се постават на кров на деловни згради – Комплекс Тутунски Комбинат АД Прилеп во количини, називи, модели и фабрички броеви како во документацијата за набавка“.

Согласно одлуката, Генералниот извршен директор ќе го склучи и потпише Договорот за долгорочен кредит на износ од 123.000.000 денарисо рок на отплата до 17.07.2024 година, ќе склучи и потврди пред Нотар Договорот за отстапување на идно побарување по основ на дивиденда со својство на извршна исправа и Солемнизацијата, ќе склучи и потпише Нотарски акт за меници со својство на извршност и меничните бланкети акцептирани и трасирани од Друштвото корисник на кредитот врз основа на кој  гарантира со целокупниот недвижен и подвижен имот и со сите средства на сметките кај Банките, Изјавата за согласност согласно точка 4 од оваа Одлука, како и сета останата документација потребна за предметната работа пред надлежен нотар.

Со Одлуката се потврдува дека се исполнети условите за полноважно одлучување и донесување на одлуки од страна на Друштвото, а исто така се потенцира дека со овој договор Тутунски комбинат се задолжува вкупно над 50 проценти од книговотствената вредност на имотот.

-  Собранието на акционери потврдува дека оваа зделка е голема зделка согласно ЗТД, со оглед дека вкупното задолжување на Друштвото во Комерцијална банка АД Скопје по основ на Договорот цитиран во оваа Одлука и претходно склучените Договор за утврдување на РРКЛ врз основа на заложно право од 14.11.2017 година со Анекс од 24.09.2019 година на износ од 4.900.000,00 евра, Договор за одобрување на долгорочен кредит од 11.09.2019 година на износ од 1,740,000.00 евра со моментално салдо од 994.360,00 евра и Договор за утврдување на РРКЛ врз основа на заложно право од 04.06.2021 година на износ од 1.000.000,00 евра, во вкупен износ од 546.663.000,00 денари е зделка над 50 отсто од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка. Собранието на акционери согласно важечките акти за основање на Друштвото и законските одредби  потврдува дека нема правни или било какви други пречки за реализрање на конкретната правна работа одобрена согласно оваа Одлука – се истакнува во одлуката.

П.О. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците