Твитерџиите не мируваат - Свечено да го испратиме претседателот Стево на аеродром
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019 18:44
„Свечено испраќање на претседателот Стево на аеродром“, ова е една од шегите што се појавија на социјалните мрежи, откако претседателот Стево Пендаровски, на младински форум во Нови Сад, рече дека со плата од 400 евра, и тој би се иселил од земјава доколку не е претседател.
На Фејсбук се формирала и група која е наречена „Свечено испраќање на претседателот Стево на аеродром“.
А претседателот Стево Пендаровски смета дека неговата искрена изјава дадена на Регионалниот младински форум во Нови Сад, не треба да се става во дневно-политички пресметки. Тој вели дека одговорноста за иселувањето е на сите политички водства, вклучително и негова.
Ова следува откако претседателот на Форумот рече дека и тој би се иселил од земјава, да не е претседател, а потоа опозицијта тоа го искористи за да ја критикува Владата.
„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат. Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома“, соопштија од Кабинетот на претседателот.
Инаку, Пендаровски, од Форумот за млади лидери во Нови Сад истакна дека на младите во регионот не им била дадена шанса и дека имаат право да одат и да бараат работа во светот, ако политичарите не им дадат соодветна перспектива.
„Тие имаат само еден живот, сите ние имаме само еден живот, и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, при што просечната плата во мојата земја е 400 евра. Да не бев претседател, и јас ќе се иселев од мојата земја“, рече Пендаровски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




