ЛИЦА ОД ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА: Планирале напад во Москва
Објавено во: Свет 27 Декември, 2024
Руските власти спречија терористички напад во Москва.
Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата ќелија во Русија на меѓународната организација „Вилајат Хорасан“. Информацијата ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
„Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана експлозивна направа. За време на апсењето, терористите дале вооружен отпор на руските офицери на ФСБ и на крајот биле неутрализирани со возвратен оган“, пренесе агенцијата ТАСС.
За време на истражните дејства во местото на живеење на радикалот пронајдено и одземено е огнено оружје, муниција.
Годинава во Русија имаше повеќе терористички напади. Со најголем број на жртви беше оној од март месец во салата Крокус во Москва.