ЛУЃЕТО ЗАГИНАА ВО ПЕКОЛНИ МАКИ - нов крвав напад на Газа ја покажа сета бруталност на конфликтот на Блискиот Исток!
Објавено во: Свет 28 Декември, 2024
Ал Џезира, повикувајќи се на свои извори, објави дека најмалку петмина вработени во болницата Камал Адван на северот на Појасот Газа изгореле живи откако израелските сили запалиле неколку делови од медицинската установа.
Израелската армија вчера соопшти дека спроведува операции во и околу споменатата болница бидејќи, како што тврдат, палестинската милитантна организација Хамас ја користи болницата како база за своите воени активности.
Ваквите тврдења се чести, но, како што пренесува Ал Џезира, тие никогаш не биле докажани.
After the tragic killing of 5 medical staff members,the remaining ones were arrested, and now Kamal Adwan Hospital, the last and only hospital in northern Gaza, is being set on fire.The Israeli army has abducted the doctors nurses, and patients, taking them to an unknown location pic.twitter.com/T4PvhqJvau
— Dr Mohammed Al Najjar (@M7madNajar) December 27, 2024
Најлошиот напад на здравствена установа од почетокот на војната во Газа беше минатогодишниот напад на болницата Ал-Шифа, кога израелската војска исто така тврдеше дека Хамас ја користи како командно-контролен центар.
Болницата Камал Адван беше последната функционална болница во северниот дел на Газа, но работеше под тешки услови поради израелската опсада - беше лишена од вода, храна и медицински материјали.
Фото: Принтскрин/Твитер