Уапсено лицето кое дивееше со службено возило на „Партизанска“ во Скопје
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2025 12:36
МВР објави дека ообезбедено и санкционирано е лицето кое со службено возило на бул.„Партизански одреди“ во Скопје помина на две полни линии и користеше флешери
Се работи за возило со кое се превезува министерот за здравство. Од МВР велат дека нему му се изречени две казни и тоа за вградување на флешери во износ од 250 евра и навлегување во спротивна лента на движење во износ од 200 евра. Доколку ги плати во првата недела, тогаш казната се преполовува.
- Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди" управува службено возило „шкода" со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.
Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објави полицијата
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




