УБАВА ЗДЕЛКА, ПА БЛОК ТРАНСАКЦИЈА - кој плати 187 илјади евра за 0,33 отсто од акциите на „Гранит“

Објавено во: Економија 22 Септември, 2023
Блок трансакција на Берзата помина со акциите на домашната градежна компанија „Гранит“.
Станува збор за продадени на познат купувач 10.000 акции на ова акционерско друштво, и тоа по цена од 1.147 денари за акција.
Или, вкупната вредност на трансакцијата е 187 илјади евра.
Ако се има предвид колку вкупно акции има издадено оваа компанија, ќе се дојде до заклучок дека е продаден мал акционерски дел, кој опфаќа 0,33 отсто од вкупниот број акции издадени од акционерското друштво.
Тоа значи дека некој за овој процент во еден наврат платил 187 илјади евра.
Просечната цена за акциите на компанијата која е постигната на последното тргување е 1.110 денари за акција, или само малку пониска од онаа по која поминаа акциите на блок трансакцијата.
Како што пред неколку дена објави Фактор, „Гранит“ објави одлична зделка на која ќе работи за Јавното претпријатие за државни патишта.
Практично, „Гранит“ ќе работи на изградба на обиколницта на Тетово преку клучката Требош до Непроштено, и тоа во фазата 1, а вредноста на овој договор со вклучен ДДВ, како што известиле од компанијата, ќе изнесува над 752 милиони денри, или 12,23 милиони евра.
Н.Н.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
