„Убедливо водиме во Струмица“: Ѓорчев со објава на Фејсбук - дали СДСМ по 20 години ја губи општината?
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2025 21:21
Ако се остварат очекувањата на ВМРО и нивниот кандидат Петар Јанков стане градоначалник на Струмица, ова ќе биде голема промена за градот.
Оваа општина е под водство на СДСМ од изборите во 2005 година кога локалната власт ја презедоа социјалдемократите.
Податоците од штабот на ВМРО ДПМНЕ покажуваат речиси двојно водство на нивниот фаворит пред противкандидатот од СДСМ.
Довчерашниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов од СДСМ пред почетокот на изборната кампања се надеваше дека ќе добие шанса за нов мандат, но не успеа да обезбеди поддршка од партиската база која застана зад Марјан Даскаловски.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




