Убиен портпаролот на Хамас
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2024
Главниот портпарол на милитантната група Хезболах, Мохамед Афиф, е убиен во израелски воздушен напад во центарот на Бејрут во кој загинаа најмалку тројца, а ранети се уште четворица, изјави за АП неименуван претставник на либанската група.
Нападот во кој беше убиен Афиф погоди зграда во центарот на Бејрут, која припаѓа на арапската социјалистичка партија Баат. Тоа беше прв израелски напад врз центарот на Бејрут во последните неколку недели.
Афиф беше задолжен за давање изјави особено по ескалацијата на израелските напади врз Либан во септември и атентатот на долгогодишниот лидер на Хезболах Хасан Насрала, кој исто така беше убиен во израелски воздушен напад.
Израелски воени авиони рано денеска ги нападнаа јужните предградија на Бејрут, каде Хезболах има силно упориште, откако армијата ги предупреди луѓето да евакуираат неколку згради.