Бајден одобри, ќе се користат американски ракети со долг дострел против Русија
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2024
Една од последните претседателски одлуки на Џозеф Бајден, е дека за прв пат ја овластил Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади длабоко во Русија, објави Ројтерс.
Оружјето, како што наведуваат извори, најверојатно првично ќе се користи против руските војници во „одбрана“ на украинските сили кои го нападнаа регионот Курск во западна Русија.
Одлуката на Бајден е силен пресврт во американската политика, особено критичен затоа што се случува само два месеци пред да стапи на должност новиот американски лидер Доналд Трамп.
Соговорниците тврдат дека ненадејната дозвола на Украинците да користат ракети со долг дострел, познати како Армиски тактички ракетни системи или ATACMS, во нападите врз Русија се должи на „ненадејната одлука на Русија да ги воведе севернокорејските трупи во борба“.
Контроверзите околу севернокорејските трупи се развија откако Русија и Северна Кореја го потпишаа Договорот за сеопфатно стратешко партнерство оваа година, кој вклучува давање взаемна помош. А, вклучува и воена помош во случај на агресија врз една од земјите потписнички.