УЧЕНИК СО ПОВРЕДИ ОТИШОЛ НА УЧИЛИШТЕ: Уапсен е битолчанец кој ги тепал трите деца
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024 19:49
Татко од Битола е уапсен откако ги тепал трите малолетни деца.
Претставници од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола вчера попладне дојавиле до СВР Битола за сериозен случај на семејно насилство, откако во едно од основните училишта во градот е забележано дека ученик се појавил со видливи телесни повреди. Поради сомнеж за семејно малтретирање, тим од ЦСР заедно со училишниот стручeн кадар веднаш интервенирале и извршиле разговор со мајката и сите три деца, кои се ученици во второ, четврто и осмо одделение.
Децата отворено сведочеле дека нивниот татко, Џ.Е. (43) од Битола, секојдневно ги тепал и малтретирал. Полициски службеници од СВР Битола веднаш реагирале и во 20 часот истиот ден го уапсиле осомничениот татко. Против него е поднесена кривична пријава согласно член 201 од Кривичниот законик за „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.
Секој ден во полициските билтени има пријави за семејно насилство.
Можеби ќе ве интересира
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата




