Удриле во диви свињи на автопатот Скопје - Штип и завршиле во болница
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2022
Денеска во раните утрински часови било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од скопското село Батинци удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило “ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од Средно Коњари.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од село Батинци.
Со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.