Добивај вести на Viber
Вкупно 101 деловен објект се затворени од Управата за јавни приходи затоа што не издавале фискални сметки. Инспекторите на УЈП контролирале 665 фирми и кај речиси секој шести било утврдено дека немал фискален апарат или не издавал фискални сметки.
Во зависност од ова, ним им е изречена забрана за извршување на дејност во траење од 15 или 30 дена.
„Најголем број од затворените објекти - 35 се во Скопје, следуваат Битола, Струмица и Гостивар, а ги има во уште 21 општина. За разлика од ова, неколку продавнички, иако маалски водат сметка за финансиското работење и правилно си го регистрираат прометот. И потрошувачите веќе се свесни за тоа дека неиздавањето фискална сметка значи оштетување на буџетот“, вели Драган Тодоровски, од Канцеларијата за односи со јавноста при УЈП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.