06 Октомври, 2024
0.0251

Укинувањето на законот за хонорарци ќе удри по фондовите и буџетот!

Објавено во: Економија 30 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Зголемениот број на реакции и изразеното незадоволство од хонорарците најверојатно придонесе кон новото решение вели претседателот на Конфедерацијатра на  Работодавачи Миле Бошков. „Би сакал да објаснам дека иницијативата за измена на Законот беше покрената од Владата, добро е да се знае дека само со писмени образложенија, барања или реакции може да се остварува институционалниот дијалог. Законот всушност требаше да поттикне регистрирано вработување, и со самото тоа и да обезбеди сигурни услови за работодавачите и работниците.“ потенцира Бошков. На прашањето на Фактор на чија штета е повлекување на  претходно донесена влаладина одлука, Бошков со став: „Веројатно одговорот е дека е на штета на  Владата и буџетот (касите на фондовите) , бидејки не се исклучува можноста дека Законот ги мотивираше хонорарците своите услуги да ги наплаќаат на нелегален начин.                                                     Според Бошков, потребни се низа на законски решенија кои влијаат на трудот, ревидирање на висината на социјалните придонеси , ефикасна трудова легислатива, флексибилно пресметување на работното време.  Првиот човек на Конфедерацијата на Работодавачи  смета  дека  треба да се размислува во насока на воведување на  прогресивно оданочување .     Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Граѓанскиот притисок,  т.н бомби кои СДСМ ги објавуваше или  обидот за придобивање на симпатии кај  електоратот пред  најавените  парламентарни избори  за април  2016 е  мотивот на Влада да го укине Законот за хонорарци? Бошков: Најверојатно, Владата превзеде чекор согласно со анализите од влијанието од законското решение кое беше предложено минатото лето, ние како организација сметаме дека секое социјално или даночно оптоварување е товар за граѓаните и за фирмите. Фактор: Како го оценувате образложението на вицепремиерот и  министер за финансии Зоран Ставрески кој повлекувањето на Законот за хонорарци го аргументираше со тоа дека владата имала слух  кога одредена ситуација создавала незадоволство кај поголем број на луѓе. ВМРО-ДПМНЕ  пред пред седум месеци  рече дека најновите измени во делот на законот за хонорарци се донесени врз база на консултации со државни институции, доставени забелешки на граѓани и организации кои беа прегледани и имплементирани? Бошков: Точно е дека социјалните партнери беа консултирани, се одржаа повеќе средби со деловната заедница и состанок со социјалните партнери од Економско Социјалниот Совет. За комуникацијата со невладините организации бевме информирани од Владата и од медиумите. За читателите на Вашиот портал би сакал да објаснам дека иницијативата за измена на Законот беше покрената од Владата, добро е да се знае дека само со писмени образложенија, барања или реакции може да се остварува институционалниот дијалог. Веројатно зголемениот број на реакции и консулатции, но секако и изразеното незадоволство од хонорарците придонесе кон новото решение. Фактор: Конфедерацијата на Работодавачи  кога беше усвоен овој закон, кој многумина го оценија како дискриминирачи    вие оценивте дека е добро што  невработените хонорарци што ќе плаќаат придонеси на разликата меѓу минималната плата и висината на хонорарот. Сега  на чија   штета е    најновата владина одлука? Бошков: Суштинска улога на Конфедерацијата на Работодавачи е застапување на интересите и заштита на работодавачите, аналогно на предходното би сакал да ви обратам внимание дека Законот всушност требаше да поттикне регистрирано вработување, и со самото тоа и да обезбеди сигурни услови за работодавачите и работниците. Дополнително, решението ги обврзуваше хонорарците еднакво да учествуваат во самата постапка на пријавување на социјалните придонеси (која најверојатно создаде револт кај хонорарците). Решенијата/законите/под законски акти/правилници  кои не произведуваат дополнителен административен и финансиски товар за работодавачите се поволни. На прашањето на чија штета е најновата одлука , веројатно одговорот е дека е на штета на  Владата и буџетот(касите на фондовите), бидејки не се исклучува можноста дека Законот ги мотивираше хонорарците своите услуги да ги наплаќаат на нелегален начин. Фактор: Какви реформи треба да се спроведат кои би довеле  до поинаков даночен систем кој ќе оди во прилог на заштита на работничките права? Бошков: Сплет на законски решенија кои влијаат на трудот, ревидирање на висината на социјалните придонеси , ефикасна трудова легислатива , флексибилно пресметување на работното време итн. Фактор: Ако рамниот данок ги фаворизира богатите,а ги дискриминира сиромашните значи ли дека  решение треба да се бара  во прогресивно оданочување? Бошков: Секако!

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?