16 Декември, 2025
0.1659

УКРАДЕНИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА ОД ГРОБОТ НА КРУМЕ КЕПЕСКИ: Неговата ќерка вели направена е огромна штета

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2025 09:01

Добивај вести на Viber

Проф. Д-р Јованка Кепеска, ќерка на Круме Кепески, на социјалните медиуми објави приговор до градските гробишта Бутел, бидејќи, како што пишува, се извршила втора кражба на споменичните обележја на гробот на Круме Кепески.
Веќе е извршена втора кражба на споменичните обележја на гробот на Круме Кепески. Бистата беше оригинално уметничко дело на скулпторот Томе серафимовски а плочките на скулпторот Димо Тодоровски. Направена е огромна штета, не само материјална туку и за македонската уметност. Веројатноста за наредна кражба е огромна бидејќи кражбите продолжуваат.

Гробиштата на таков начин го деградираат уметничкиот изглед на духовното светилиште на градот кога во светот се води особена грижа.

Како што со деструкцијата која се врши над спомениците на културата на гробиштата, каде беа поместени уметничките дела и обележја, истовремено, се нарушува општиот впечаток и углед на Македонија. Се газат и авторските права на уметниците покрај финансиските штети.

Врз основа на веќе широко обавената јавна критика во јавноста, покрената е иницијатива со која се бараат одлучни постапки на претставниците на власта за да се спречи ваквото крајно штетно однесување. Се претпоставува заедничко институционално дејствување на министерствата за култура и туризам, за правда, за внатрешни работи, како и на здруженијата, особено од ликовната сфера, на оштетените граѓани и на јавноста, воопшто, но и на гробиштата, за справување со ситуацијата и е предложено пред највисоките органи:

- Промена на кривичниот закон со цел високо да се санкционираат, со големи казни, сите учесници во извршувањето на кражбите на уметничките дела и засилена одговорност на задолжените нституции за контрола; и

- Донесување закон за забрана на откуп на метали.

Она, што особено се очекува е од гробиштата „Бутел“ е:

- Да обезбеди модерна и од безбедностен аспект заштита на гробиштата;

- Тоа подразбира обезбедување на сериозни заштитни мерки околу некрополата; заштитни огради и камери на секој агол;

- Одговорност на менаџерските тимови кои се грижат за некрополата.

Иницијативата е широко подржана од јавноста од Здружението на архитекти на Македонија, Факултетот за архитектура на Американскиот универзитет, Здружението на ликовните уметници на Македонија и други.

Врз основа на иницијативата покренати се соответни активности од Владата и соответните министерства.

Претстои активност пред Собранието на градот Скопје.

Гробиштата „Бутел“ АД Скопје се повикани да го преземат својот дел од одговорноста како би се надминале ова злодело и цивилизациски срам.

Со почит,

Проф. д-р Јованка Кепеска“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“