УКРАИНА СЕ ОСЛОБОДУВА ОД НЕА: Копејката оди во историјата
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2025 18:54
Украина планира да ги замени своите монети копејки за да се ослободи од долгогодишното влијание на Москва, изјави гувернерот на Украинската централна банка, Андриј Пишни, додавајќи дека се надева дека промената би можела да биде завршена оваа година.
Украина воведе сопствена валута, гривна, во 1996 година, пет години по стекнувањето независност од Советскиот Сојуз, и коваше свои монети, но го задржа поранешното советско име за нив - копеjки.
Новите монети, кои ќе го носат името „шах“, ќе го означат најновото оддалечување на Украина од Русија, соопшти агенцијата.
„Конечно, треба да ја завршиме... монетарната реформа и да отстраниме каква било врска, каква било врска со Москва. Бидејќи го имаме нашето име. И време е конечно да го вратиме“, рече Пишњи во интервју за Ројтерс.
Украинскиот парламент подготвува дебата за нацрт-законот за замена на монетите, а централната банка организира јавни дискусии, изложби и други настани за да ја подигне свеста за предлогот.
Украинците, особено помладата генерација, ја откриваат повторно својата национална историја и идентитет, додава агенцијата.
Резултатите од анкетата спроведена во септември од страна на Меѓународниот институт за социологија во Киев покажаа дека околу 91 процент од Украинците имаат негативен став кон Русија, додека само четири проценти имаат позитивен стан.
foto Wikipedia/
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




