Украина во шок: Ракетата што ја погоди владината зграда во Киев имала американски компоненти
Објавено во: Свет 09 Септември, 2025 09:56
Во рускиот напад со ракетата Искандер што ја погоди владината зграда на Украина на 7 септември, покрај руските и белоруските делови, пронајдени се и делови од американско производство, објави Владислав Власјук, ополномоштен претставник на претседателот на Украина.
Според него, пронајдената ракета содржела вкупно 100 компоненти, од кои околу 35 се од американско, а 57 од руско потекло, пренесува Униан. Власјук изјавил дека, во споредба со ракетите што се користеле во претходните години, оваа содржела помал број западни компоненти, додека присуството на руски и белоруски делови се зголемило.
Тој додаде дека податоците за составот на ракетата се проследени до меѓународните партнери со цел да се реагира преку дополнителни санкции. Нападот врз зградата на украинската влада се случи на 7 септември, како дел од поширок ракетен напад на руската армија врз неколку региони на Украина, објави „The Kiev Independent“.
Владини извори, исто така, укажуваат дека нападот следел по враќањето на рускиот претседател Владимир Путин од Кина, каде што се сретнал со кинескиот лидер Си Џинпинг.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




