УКРАИНСКАТА АРМИЈА ЗАПЛЕНИЛА ДОКУМЕНТИ: Русите знаеле дека Украинците ќе упаднат во Курск?
Објавено во: Свет 20 Септември, 2024
Руската воена команда го предвидела украинскиот упад во нејзиниот регион Курск и правела планови да го спречи тоа веќе неколку месеци. Вака сугерираат документи што украинската армија соопшти дека ги запленила од напуштените руски позиции во регионот.
Британски „Гардијан“ имал увид во документите. Во нив може да се види хаосот во руската војска откако Укрианците ја преминаа границата и за првпат нападнаа руска територија на почетокот на август. Москва била загрижена и за моралот на војската откако руски војник се самоубил на фронтот.
На командантите на единиците им било речено секојдневно да ги следат руската телевизија и државните медиуми за да ја одржат својата „психолошка состојба“, откриваат документите.
„Гардијан“ ги добил овие списи од украински тим за специјални операции во август. Сепак, автентичноста на документите не е потврдена.
Тимот рекол дека зел документи од руското Министерство за внатрешни работи, ФСБ и од руската армијата, а ги нашол документите во згради во Курск. Некои од документите се печатени нарачки дистрибуирани до различни единици, додека други се рачно напишани дневници кои снимаат настани и проблеми на одредени позиции.
Украинците на 6 август упаднаа во Курск.
„Околу 40,000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск“, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Според него, украинските сили го намалиле потенцијалот на руските војници да извршат напади во регионот на Доњецк, но тој посочи дека ситуацијата се уште е тешка во близина на градовите Покровск и Курахов. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
фото Илустрација