Украл ранец полн со пари по што е уапсен
Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2022
Скопјанец е уапсен на плоштадот „Скендербег“ откако од угостителски украл ранец полн со пари.
Утрово во 03.25 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Б.К.(41) од Скопје. Тој се сомничи дека во периодот од 01.50 до 02.50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар одзел ранец со пари, лични предмети и документи од А.П.(20) од Скопје. Кај пријавениот се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 238 од Кривичниот законик.