Добивај вести на Viber
Унгарската влада планира од идната година да воведе данок на луксуз од 30 до 35 %, информира денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за националното радио.
Како што најави Орбан, министерот за економија, Михал Варга, ќе изработи план за воведување на данок на луксуз во согласност со даночните мерки за идната година.
Унгарскиот премиер посочи и дека, мерката со која владата планира да им помогне на кредитобарателите со хипотекарни кредити вбо странски валути, нема да го сруши финансискиот состав на земјата.
Инвеститорите во Унгарија се погодени од агресивната про-потрошувачка политика на Орбан, која трае речиси четири години и која ги чинеше големи пари, а сега се подготвуваат за нови удари, откако унгарската влада најави дека подготвува дополнителна помош за давателите на заем.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.