19 Декември, 2025
0.0606

УНГАРИЈА МУ ДАДЕ ЗАСОЛНИШТЕ: Ќе успее ли Македонија да го врати Груевски назад?

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018 06:45

Добивај вести на Viber

И официјално Никола Груевски доби политички азил во Унгарија.

Пријателот Орбан реши да му даде засолниште на екс премиерот кој за да ја избегне правдата реши да избега и спас да бара како бегалец.

Македонија ги прати документите за екстрадиција а лично Груевски на Фејсбук напиша дека на барањето добил позитивен одговор.

Груевски прецизира дека во барањето за добивање азил навел дека актуелната власт во државата сака да му ја одземе слободата, користејќи недемократски методи и злоупотребувајќи го обвинителството и судскиот систем во Македонија.

Истакнува дека неговото заминување од Македонија не е бегство од правдата, туку дека користејќи го меѓународното право „ќе продолжи да бара правда за себе и за сите други жртви на политичкиот прогон во Македонија“.

Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ но не смее да стане држава каде власта управува со судскиот систем и врши секојдневни прогони“, порача Груевски.

Канцеларијата за имиграција и азил при Владата на Унгарија позитивно одговорила на барањето на Груевски за добивање политички азил.

Владата негира дека некој му се заканувал

По обвинувањата од страна на Груевски напишана на Фејсбук,  Владата соопшти дека тој правосилно е осуден во јавен и транспарентен процес и дека против него истовремено се водат уште неколку судски постапки.

Соопштението следи по објавата на Фејсбук на Груевски дека властите во Унгарија позитивно му одговориле на барањето за политички азил, а во соопштението се додава и дека осудениот бил под полициска заштита согласно со правата кои ги ужива во својство на поранешен премиер, и дека во ниту еден момент не пријавил дека некој му се заканува.

Како се наведува, Груевски никогаш не бил политички прогонуван, ниту пак која владина институција му упатувала закани и му го загрозувала животот.

„Врз основа на тоа констатираме дека единствената цел со која се водел Груевски била да ја избегне правдата“, заклучува Владата на Македонија.

Претставниците во Скопје очекуваат дека унгарските власти безусловно ќе го прифатат барањето за екстрадиција согласно со меѓународното право како држава членка на ЕУ и НАТО и ќе овозможи враќање на Груевски во земјава како би ја отслужил затворската казна и одговарал за други дела за кои е обвинет.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината