08 Октомври, 2024
0.0284

Унгарија под уште еден притисок,овој пат да попушти за Шведска во НАТО

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Високи американски пратеници рекоа дека сакаат Унгарија веднаш да го одобри приемот на Шведска во НАТО. Таа е последната земја која не го одобрува членството на скандинавците во Алијансата. Пред една недела Турција го одобри нејзиниот влез, додека според САД, Будимпешта ризикува трајно да им наштети на односите со Вашингтон доколку не реагира.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера го поддржа договорот за огромен пакет помош за Украина. Иако се шпекулираше дека Орбан повторно ќе го блокира договорот на вчерашната средба на ЕУ, средбата траела само еден час, по што било соопштено дека договорот е поддржан од сите земји членки.

Бен Кардин во Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изјавил дека е „длабоко загрижен“ за насоката на актуелната унгарска влада. Овој претставник од редовите на демократите истакна дека унгарскиот премиер Виктор Орбан ја блокирал помошта на Европската унија за Украина до четврток, како и фактот дека континуирано го попречува членството на Шведска во НАТО.

„Партнерите не прават такви работи. И се прашувам дали тие се сигурни сојузници за нашата програма за укинување на визите“, рече Кардин на прес-конференција. Програмата за укинување на визите им овозможува на граѓаните од 41 земја да патуваат во САД до 90 дена без виза.

И сенаторот Џин Шахин, демократ, и Том Тилис, републиканец, кој копретседава со набљудувачката група на НАТО во Сенатот, ја повикаа Унгарија да го промени правецот во нивната декларација. „Неуспехот на Унгарија да дејствува ризикува неповратно да ги оштети нејзините односи со САД и НАТО“, се вели во изјавата на Шахин и Тилис.

Шведска, заедно со Финска, поднесе барање за членство во НАТО во 2022 година по руската инвазија на Украина. Но, членството на Шведска беше блокирано од Турција и Унгарија, оставајќи ја земјата во неизвесност и фрустрирајќи ги сојузниците во НАТО кои гледаат на Шведска како важен играч во обезбедувањето безбедност во балтичкиот регион.

Унгарија сега е единствената членка на НАТО која не го одобри барањето на Шведска за членство во Алијансата.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист