Унгарија се сомнева дека Груевски имал фер судење
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2018 16:35
Унгарската Влада не е сигурна дека поранешниот македонски премиер, Никола Груевски добил фер судење во земјава.
Шефот на кабинетот на премиерот, Виктор Орбан, Гергели Гулаш втор пат неделава истакна дека Македонија има проблем со судството и условите во затворите.
„Треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија“ – изјави Гулаш.
Екс премиерот Груевски повеќе од една недела е во Унгарија. Тој денеска на Фејсбук објави дека добил азил во оваа земја. Во подолг пост објасни зошто барал азил во Унгарија.
„Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени. Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната Влада“, пишува Груевски на Фејсбук.
Вели дека наместо унапредување на судскиот систем, Македонија има уназадување. Според него, судот и обвинителството се користат како политичка алатка на Владата заради остварување на своите политички цели и уцени.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




