20 Април, 2024
0.0273

Унгарската опозиција ја испрашуваше власта за третманот на Груевски

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во унгарскиот парламент, денеска за време на седница за пратеничките прашања, е побаран одговор за постапката за азил на осудениот екс-премиер Никола Груевски, пренесува порталот 24.hu.

Опозицијата побара одговор потсетувајќи дека според унгарскиот закон, специјален третман за барател на азил следува само ако станува збор за малолетник без придружба од возрасно лице, бремена жена, самохран родител, жртва на сексуално насилство, личност со инвалидност или друг вид попреченост.

Опозицијата во  Националниот парламент Унгарија ја доведе во прашање политиката на азил на власта поради аферата.

Државниот секретар во канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Балаж Орбан, пак, одговори дека поранешниот македонски премиер Груевски поднел барање за азил, без да наведе во која земја го доставил барањето и дека унагрските власти не биле инволвирани во неговото бегство од Македонија, а барањето е прифатено за разгледување од „безбедносни причини“.

Тој побарал од опозицијата да престане со „кампањата на дезинформирање“ во врска со случајот, особено со прашањата зошто Груевски не се наоѓа во транзитната зона.

„Правилата на граничните процедури не мора да бидат применети на лица со посебен третман“, вели Балаж Орбан.

Според унгарските медиуми се потврдува специјалниот третман кој го има Груевски од властите, кои велат дека тоа му е овозможено затоа што бил премиер 10 години.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра