26 Декември, 2024
0.0299

УНГАРСКИ АНАЛИТИЧАР: Будимпешта му помага на Груевски под притисок од Москва

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Унгарија му помага на поранешниот македонски премиер Никола Груевски под притисок од Русија.

Ова беше објавено во интервју за Бугарското национално радио oд Габор Дори од Институтот за политички решенија во Будимпешта, пренесуваат бугарските медиуми.

Според Дори, пријателството меѓу Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан е уште една причина зошто поранешниот македонски лидер се крие во Будимпешта.

Тој рекол дека јавното мислење е поделено, бидејќи медиумите под контрола на владата не посветувале многу внимание на случајот, додека опозицијата направи сериозна критика.

„Причината,  на одлуката да му се дозволи на Груевски влез во Унгарија не одговара на официјалната политика во однос на бегалците. Тие гледаат лицемерен однос и спроведување на оваа политика само во случаите за кои Владата процени и врз основа на личните односи на премиерот со друг човек“, коментира аналитичарот пред БНР.

Груевски кој се соочува со затвор за злоупотреба на службената должност, кој доминираше Македонија во текот на речиси деценија до 2016 година, објави во "Фејсбук" во вторникот објави дека бара политички азил во Унгарија.

Груевски е осуден на затвор во а судот во Скопје ја потврди пресудата во октомври.

Тој исто така се соочува со голем број на други обвиненија за корупција, злоупотреба на службената должност, изборни измами, како и незаконско прислушување.

Груевски требаше да го почне издржувањето на двегодишната затворска казна за купување на службениот "Мерцедес" за сума над 650 000 евра, додека беше премиер.

Бугарските власти потврдија дека Груевски не е бугарски државјанин и не барал документи за бугарско државјанство, откако "Телма" соопшти дека поранешниот македонски премиер најверојатно избегал во Унгарија со бугарски пасош.


ФОТО: Епа


Можеби ќе ве интересира

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?