26 Декември, 2024
0.0327

УНГАРСКИ НОВИНАР ЗА ВРСКИТЕ НА ОРБАН И ГРУЕВСКИ: Не верувам дека Унгарија ќе го испорача бегалецот

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Габор Бодиш, новинар од Будимпешта во интервју за медиумот „Зашто“ објаснува зошто екс премиеорт Никола Груевски побарал политички азил во Унгарија, со чиј премиер Виктор Орбан има долгогодишни блиски односи.

Еве што одговорил тој на прашањето Зошто Груевски ја избрал токму Унгарија?

-Јас не можам да замислам дека тој потег е направен пред консултација на двете страни и овде мислам на кругот околу поранешниот македонски, сега избеган, премиер Никола Груевски и круговите околу унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тоа сигурно е синхронизирана акција, тука се зборува за движење на луксузен авион од Виена до Будимпешта па до Белград, па назад до Будимпешта, вчера, насред скандалот со  Груевски.

Веројатно и поради долгогодишните блиски врски на Груевски и Орбан. Орбан да кажеме последен пат беше пред локалните избори во Македонија, во Скопје, за да учествува во кампањата на ВМРО ДПМНЕ.

Морам да додадам дека тука има уште една заедничка точка, ако ги погледнете економските акции на унгарската влада, а тоа е купување на медиуми во поедини земји на поранешна Југославија, да кажеме во Словенија и Македонија. Малку поинаква е ситуацијата во Војводина, каде се помагаат медиумите под контрола на партнерските Партии на војводинските Унгарци.

Значи каде се купува, каде се вложува? Се вложува во Словенија, во Јанез Јанша, посебно пред изборите, а овде се вложуваше во Груевски.


Сосема се, не слични, туку идентични и интересите на Москва на Балканот. Треба да се додаде дека Унгарија, односно Владата на Орбан е тесно поврзана со владата на Путин и со една огромна инвестиција: со руски пари ќе се изгради другиот дел од нуклеарката во Унгарија во местото Пакш. Тоа сега се одложува поради документација, можеби нема да биде ни до 2030 година, меѓу договорената спогодба и тоа е големо задолжување на Унгарија кон Русија“-рекол Бодиш.

Во однос на правната ситуација новинарот вели дека правната ситуација е многу комплицирана, меѓутоа тоа сега доста лесно се решава во Унгарија.

-Се носи закон за 24 часа , така да тука нема да има некои проблеми. Ќе има поголеми проблеми за Виктор Орбан како да објасни што примил еден осуден премиер во земја која се наоѓа во Европската унија и НАТО. Тоа ќе биде еден меѓународен проблем, но ќе видиме што ќе се случи.

Јас мислам дека, ако смее да се предвидува, дека тука постојат две варијанти: едната е да се одбива барањето за азил на Груевски, но јас не верувам во таа варијанта, да се прифати барањето, и тој да добие азил во Унгарија, што се заканува со меѓународен голем скандал, а третата варијанта е него да го стават на авион кон Москва“, вели Бодиш.

Тој дополнува и дека целата ситуација е и по малку комична ако се земе предвид дека владата на Орбан ги заостри во последните месеци законите за бегалци.

-Тие ги заострија тие закони, и според нив, Груевски не би можел да влезе во земјата, бидејќи кога стигне без документ на границата на Србија и Унгарија тогаш тој треба да биде или вратен во Србија или да се стави во таканречената транзитна зона и таму да почека додека неговиот случај не се процесира. Тоа меѓутоа не се случи, пренесува СлободнаЕвропа.


Фото: Фејсбук профил-Никола Груевски

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

СЕКНУВАЊЕ НА ФИНАНСИИ: Како промената на материјалната состојба се одразува на психичкото здравје на луѓето?

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ВЕЌЕ СЛУШНАТИ ФРАЗИ, РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ПРЕДИЗБОРНАТА ФРАЗЕОЛОГИЈА: Ванковска за говорот на претседателката

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ТОА ШТО ВЕЧЕРВА НЕМА ЖРТВИ Е ЧИСТА СРЕЌА: Салиу со хаотична приказна за неговите колеги и камион на Македонија пат....

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Сиљановска-Давкова во првото годишно обраќање порача дека од ЕУ очекува европско однесување

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен

ПАНОВСКИ ДОЖИВЕАЛ НЕСРЕЌА ВЧЕРА: Јас ќе бев смачкан, а возачот на џипот и да не беше осуден, ќе беше душевно осакатен