05 Декември, 2025
1.0394

УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ЌЕ ПОТТИКНЕ ЕКОНОМСКИ РАСТ: премиерот вели ова е најевтиниот кредит за компаниите

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2025 14:12

Добивај вести на Viber

Големо раздвижување и поголем економски раст очекува претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски благодарение на кредитот добиен од Унгарија. 

Апсолутно очекувам, задвижување. Ова е една поголема, посеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница, беше донесена одлука, договорите кои треба да значат сега би рекол, административно поврзување и создавање партнерство помеѓу Развојната банка и комерцијалните банки, веќе е одобрен од страна на Владата. Завршено е сето тоа и очекувам таа формалност деновиве да биде завршена и веќе ќе можат компаниите и економските оператори, да аплицираат и да добијат европски би рекол најнизок кредит - укажува премиерот.

Потоа дополни дека оставарил состанок и со гувернерката на Народната банка, каде што разговарале на многу теми, меѓу кои и на за каматите на кредитите, и укажа дека каматна стапка за унгарскиот кредит, која изнесува 1,95 е двапати пониска моментална пазарна во државата. Поради ова тој очекува кредитот да поттикне еден инвестициски бран од минимум 300 милиони евра, укажа тој на новинарското прашање дали очекува раздвижување на македонската економијата со мерката 250 милиони евра за компаниите, ако земеме предвид фактот дека и Светската банка ја коригираше проекцијата нагоре.

Со владините проекти се очекува позитивна нагорна линија на прогнозите и од другите меѓународни финансиски институции, како што тоа го направи Светска банка.

- Проектите во општините кои се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра. Тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции, коишто очекувам оваа година односно претходната година, 24-та со засилена динамика во втората половина да натфрлат една милијарда. Со што ќе бидеме по глава на жител и по процент од бруто-домашен производ најдобри во регионот. 

Повторно да се вратиме на тие патеки и логично сите овие индикатори консолидирање на буџетскиот дефицит и сето она приходите и слично, ќе резултира во коригирање во позитивна нагорна линија на прогнозите на меѓународните финансиски институции, како што тоа го направи да речеме Светска банка. Којашто најпрвин предвидуваше 1,8 за 2024, а доколку растот биде помеѓу 3,5 и 4 проценти на БДП во четвртиот квартал, секако тоа ќе оди во нагорна линија, па може да дојде и до 3 проценти на годишно ниво, нешто со коешто ќе бидеме навистина задоволни, односно ќе ги надмине и нашите позитивни очекувања - објасни премиерот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката