05 Декември, 2025
0.1895

Уни банка“ со профит од 1,1 милиони евра ја заврши 2014 година

Објавено во: Финансии 25 Февруари, 2015 09:16

Добивај вести на Viber

Раст на нето приходите од камати и од провизија, раст на кредитни пласмани и зголемена депозитна база, но намалени вложувања во хартии од вредност, се најважните показатели од билансите што ги објави оваа банка Секоја акција на „Уни банка“ за минатата година носи добивка од 124 денари (2 евра) што би претставувало профит од 20 отсто доколку акционерите на идното собрание решат оваа добивка да ја „конвертираат“ во дивиденда. Билансите на „Уни банка“ покажуваат раст на нето приходите од двете основни дејности: камати и провизии, но и раст на кредитирањето во однос на лани проследен, очекувано, со раст на депозитната база. Ова е втора банка, по „Комерцијална банка“, која во 2014 година покажа тенденција на намалување на вложувањата во хартии од вредност во однос на 2013 година. Според билансот на успех „Уни банка“ лани оствари профит во износ од 67,88 милиони денари што претставува раст од 4,3 отсто во споредба со нето добивката остварена во 2013 година. За истакнување е големиот раст на добивка што банката го има кај нето приходот од камати што изнесува 489,5 милиони денари и е за 58 милиони денари повисок од реализацијата во 2013 година. Кај нето приходите од провизии и надоместоци банката лани остварила 131,85 милиони денари и во однос на 2013 година бележи раст од 4,7 милиони денари. Забележливо лани е дека износот на вложувањата во хартии од вредност на таа банка е намален за 30 отсто односно за 200 милиони денари. Лани во хартии од вредност (н.з. во најголема мерка државни обврзници и благајнички записи) таа банка чувала 696,6 милиони денари. Наспроти оваа тенденција се појавува нов тренд во кој други банки во „Уни банка“ значително го зголемиле износот на депозити. Лани таа сума изнесува 73,96 милиони денари, а во 2013 година била значајно пониска и изнесувала 19,47 милиони денари. Можеби најзначаен раст банката бележи кај депозитите на други коминтенти во кои влегуваат сите правни и физички лица освен банки. Лани депозитната база на „Уни банка“ изнесува 9,565 милијарди денари, а во 2013 година изнесувала 277 милиони денари помалку односно 9,287 милијарди денари. Паралелно со ова расте и кредитната активност на банката. Лани износот на кредити што ги издала „Уни банка“ изнесува 7,26 милијарди денари и е за 596 милиони денари повисок од нивото регистрирано на крајот на 2013 година што претставува раст на кредитирањето за 8,9 отсто. Од билансот на состојба се гледа дека растот во 2014 година има солиден раст и кај ставката парични средства и парични еквиваленти кои достигнале ниво од 2,474 милијарди денари, а лани пораснале за 161 милиони денари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката